Со денешната победа над Гремио, Реал Мадрид стана првиот клуб кој успеал да ја одбрани титулата на Светското клупско првенство
Иако минимално, „кралевите“ сосема заслужено стигнаа до победата, избраниците на Зиндин Зидан беа подобар противник во текот на целиот натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Единствениот удар кон голот на Кејлор Навас, Бразилците го упатија во првото полувреме и тоа преку слободен удар скоро 40 метри, а тоа доволно говори за надмоќата на шпанскиот гигант во овој натпревар.
Реал напаѓаше, создаваше но во првиот дел не успеа да стигне до погодок.
Она што не им успеа на „кралевите“ во првиот дел стигна во вториот дел, Кристиано Роналдо во 53 минута прво изнуди прекршок, а потоа од истиот успеа и да погоди. Сепак, впечаток дека полошо реагираше живиот ѕид отколку што Португалецот добро шутираше.
До крајот на натпреварот Реал можеше и да ја зголеми предноста, но Лука Модриќ ја погоди стативата, а на десетина минути пред крајот чуварот на мрежата на Гремио одбрани одлична шанса на Роналдо.