Група навивачи на ПСЖ вчера на интересен начин се обидоја да ги мотивираат фудбалерите на овој тим пред возбудувањата кои следат.
Парижаните пред себе имаат два многу важни натпревари. Во првенството играат големо дерби против Марсеј, а потоа следуваа реваншот во Лигата на Шампионите против Реал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Навивачите на ПСЖ одлучија со разговор да ги мотивираат играчите на овој тим. Така, претставниците на навивачите на парискиот тим, во стилот на навиавчите од Балканот, ги чекаа фудбалерите во тренинг центарот и се обидоја да им објаснат што за нив значат следните натпревари.
„Сакаме луѓето од Мадрид да почуствуваат што значи да пристигнат во Париз. Ќе ги повикаме сите да дојдат порано на стадионот со дресовите и шаловите и да направиме дополнителна кореографија за дополнително да ги мотивираме нашите играчи“, изјави еден навивач на францускиот тим.
Натпреварот помеѓу ПСЖ и Марсеј се игра овој викенд, додека реваншот против Реал се игра на 6. март. „Кралевите“ во првиот натпревар славеа со 3:1.
??
Le @Co_Ultras_Paris à la rencontre de nos joueurs avant le double Classico !
? Centre Ooredoo
?? #ICICESTPARIS pic.twitter.com/7Z8zVEWz1h
— PSG Officiel (@PSG_inside) February 22, 2018