Дома Останати Кошарка НБА Видео: Минесота ја почуствува моќта на шампионот, Лејкерси немоќни против Бостон

Видео: Минесота ја почуствува моќта на шампионот, Лејкерси немоќни против Бостон

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа пет средби.

Шампионот Голден Стејт на свој терен славеше победа против тимот на Минесота со 125:101 и така стигнаа до деветата победа во сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гостите на актуелниот шампион успеаа  да му парираат само во првите 24 минути. Одлучувачката беше третата четвртина во која домаќинот славеше со 44:26 и на тој начин го трасираше патот кон новата победа. Во тимот на Голден Стејт не настапи Кевин Дурант, Клеј Томспон беше најефикасен со 28 поени, додека Стеф Кари беше на работ на трипл-дабл со учинок од 22 поени, осум скокови и исто толку асистенции. На другата страна Енрди Вингс постигна 17 поени, Карл Ентони Таунс 16, а додаде и 12 скокови, додека Таџ Гибсон беше стрелец на 14 поени.

Tимот на Бостон Селтикс изминатата ноќ славеше победа над Лејкерси со резултат 107:96. Во победничкиот тим одличен беше Беинс со 21 поен, додека Ирвинг додаде 19, кај Лејкерси најефикасен беше Кларсксон со 18 постигнати поени, додека Ланзо Бал запиша девет поени, пет скокови и шест асистенции.

Во останатите натпревари Детроит славеше над Индијана со 114:97, Орландо ги совлада Никси со 112:99 и Мајами на гостински терен беше подобар од Феникс со 126:115.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Срамно однесување на ѕвездата на Лејкерс 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс и 11. пат во низа беа поразени од Денв…