Екипата на Ливерпул забележа исклучително важна победа во првиот натпревар од плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите.
Натпреварот во Германија за избраниците на Јирген Клоп не започна баш најдобро. Хофенхајм имаше одлична прилика веќе во 12 минута од средбата на дојде до предност, но Андреј Крамариќ не го реализираше ударот од белата точка.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што тоа се случува, казната ги стигна домаќините и тоа не на било каков начин, Александер Арнолд постигна прекрасен погодок од слободен удар кој се покажа и како одлучувачки момент во натпреварот. Со голот на Арнолд „црвените“ заминаа со минимална предност на полувремето.
Додека во првиот дел Хофенхајм создаваше по некоја шанса, вториот дел во целост му припадна на тимот од „Енфилд“, а таквата игра се исплатеше во 74 минута од средбата кога Џејмс Милнер со уште поубав погодок зголеми на 0:2. Ливерпул се до 87 минута имаше фантастична предност, но тогаш Хофенхам преку Утх постигна погодок кој би можел да биде од голема важност пред реваншот во Англија.
Во останатите натпревар Апоел со 2:0 ја совлада Спарта Прага, додека Спортинг на нашиот Стефан Ристоски кој не беше во комбинација за овој натпревар одигра реми без голови против Стеауа од Букурешт, додека ЦСКА Москва на гостински терен забелжа минимална победа од 0:1 против тимот на Јанг Бојс.
Нешто порано денес со почеток во 18:00 часот се одигра натпреварот помеѓу Карабах и Копенхаген во кој славеа домаќините со резултат 1:0.