Дома Останати Кошарка Видео: Ирвинг го предводеше Бостон до 13 победа во низа, Харден фантастичен, Торонто поразен

Видео: Ирвинг го предводеше Бостон до 13 победа во низа, Харден фантастичен, Торонто поразен

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа три натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кајри Ирвинг се врати во тимот на Бостон кој славеше на гостувањето во Бруклин.

Нова одлична партија на Селтикси беше обележана со враќањето на Кајри Ирвинг. Гостите после првата четвртина имаа предност од девет поени, но Нетсите не се предаваа и на полувреме се замина со изедначен резултат 52:52. Како и во првата четвртина, во третата Нетси повторно направија девет поени предност, за последната четвртина да му припадне на Бруклин, но тоа не им беше доволно за пресврт.

Ирвинг го предводеше Бостон со 25 поени, три скока и пет асистенции, а само во првите 12 минути постигна 14 поени. Маркус Морис забележа дабл-дабл со 21 поени и десет скокови. Џејсон Татум додаде 19, а Ал Хорофорд два помалку.

Торонто славеше над Хјустон и така стигна до осмата победа во сезоната со резултат 129:113.

Дерожан беше најефикасен во редовите на Торонто со 19 поени, а покрај тоа додаде шест скокови и пет асистенции. Кајл Лаури натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок. Постигна 19 поени и забележа девет асистенции и додаде пет скокови. Сиџеј Мајлс постигна 19 поени.

На Хјустон не му значеше многу новиот дабл-дабл на Џејмс Харден кој натпреварот го заврши со 38 поени, 11 асистенции и шест скокови.

Во последниот натпревар Сан Антонио го совлада Далас со 97:91.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хаос во Њујорк по освоената титула – навивачите го демолираа градот (Видео)

Титулата по 54 години предизвика огромна еуфорија меѓу навивачите на Њујорк Никс, но славј…