Дома Фудбал ВИДЕО Интер со два маестрални гола го декласираше Наполи, Елмас одигра 75 минути

ВИДЕО Интер со два маестрални гола го декласираше Наполи, Елмас одигра 75 минути

Интер во 14. коло од италијанската Серија А победи со 0:3 на гостувањето кај актуелниот шампион Наполи и со тоа се врати на врвот на табелата каде сега има два бода повеќе од Јувентус.

Падот на резултатите на Наполи продолжува и избраниците на Валтер Мацари сега се наоѓаат на петтото место.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Интер дојде до победата преку тројца различни стрелци, Хакан Чалханоглу, Барела и Маркус Турам. Посебно атрактивни беа првите два гола на натпреварот.

Голот на Чалханоглу погледнете го ТУКА, а на Барела ТУКА

Конечните 3:0 ги постави Турам во 85. минута. Нашиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер на овој натпревар и одигра 75 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид тргнува по Тонали

Иднината на Сандро Тонали е главна тема во спортските медиуми бидејќи Италијанецот на лето…