Дома Фудбал Италија Видео: Интер го искористи киксот на Јувентус, Икарди му „дише во врат“ на Имобиле!

Видео: Интер го искористи киксот на Јувентус, Икарди му „дише во врат“ на Имобиле!

icardi

Екипата на Интер во рамките од 13 коло во Серија А запиша сигурна победа од 2:0 против тимот на Аталанта.

„Нероаѕурите“ против Аталната ја оправдаа улогата на фаворит. После досадното полувреме во кое видовме само по еден шут во рамките од голот и на двете страни, Интер се разбуди во вториот дел.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поточно се разбуди Аргентинецот Мауро Икарди кој продолжува со одличната форма. На стартот од вториот дел после само шест минути игра, Икарди остана заборавен во шеснаесетникот на гостите, а тоа напаѓач од негов калибар и тоа како знаеше да го искористи.

По овој погодок набрзо следуваше и втор. Повторно Икарди во главна улога, овој пат нафрли Де Амбросио, а капитенот повторно со глава ја смести топката зад грбот на Бериша.

Со оваа победа Интер стигна до втората позиција и има два бода помалку во однос на лидерот Наполи, додека Јувентус кој денес беше поразен на гостувањето против Сампдорија сега се наоѓа на третата позиција, Рома е четврта со еден бод помалку, но и натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…