Дома Фудбал Англија Видео: Ибра се врати, Јунајтед со „покер“ го испрати Њукасл

Видео: Ибра се врати, Јунајтед со „покер“ го испрати Њукасл

Манчестер Јунајтед во рамките од 12 коло од Премиер лигата забележа убедлива победа над Њукасл со резултат 4:1.

Иако работите не започнаа баш најдобро за тимот на Жозе Мурињо, на крајот „црвените ѓаволи“ беа тие кои се радуваа на победата. Гајл го доведе тимот на Њукасл во водство во 14 минута од средбата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гостите имаа предност се до 37 минута кога Марсијал го искористи одличното нафрлување на Пол Погба и ја смести топката во мрежата од голот на Њукасл за израмнување. Во судиското продолжение од првиот дел Јунајтед успеа да стигне и до целосен пресврт и тоа повторно со гол со глава. Овој пат Ешли Јанг беше во улога на асистент, а погоди Крис Смолинг.

По десетина минути игра во вториот дел Манчестер Јунајтед стигна и до трет погодок и тоа преку асистентот при првиот погодок, Пол Погба. Точка на одличниот настап на домаќините стави Ромелу Лукаку со својот гол во 80 минута.

Во овој натпревар прв пат после долгата пауза поради повредата на коленото на теренот истрча и Златан Ибрахимовиќ кој во игра влезе во 77 минута од средбата.





Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…