Дома Видео ВИДЕО: Застана црна лимузина, Роналдо излезе, а момчето веднаш падна на колена пред него

ВИДЕО: Застана црна лимузина, Роналдо излезе, а момчето веднаш падна на колена пред него

Кристијано Роналдо (38) е вистински идол за многу љубители на фудбалот ширум светот, а меѓу најлудите фанови на португалската ѕвезда е познатиот јутјубер Дарен Воткинс Џуниор, попознат како IShowSpeed.

Долго се обидуваше да дојде до КР и конечно го сретна по мечот со Босна и Херцеговина, па падна на колена поклонувајќи му се на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Јутјуберот Дарен Воткинс Џуниор, попознат како IShowSpeed, веќе подолго време доаѓа на натпревари обидувајќи се да го запознае Кристијано Роналдо.

Неговата авантура започна додека КР сè уште го носеше дресот на Манчестер Јунајтед. Тој дојде на натпревар, чекаше момент да се сретне со Роналдо, но тој замина од натпреварот и средбата не се одржа.

Воткинс не успеа да го фати ниту на стадионот Ал Насра во Саудиска Арабија, но му се посреќи вчера во Лисабон по натпреварот против Босна и Херцеговина кога конечно успеа да стигне до Кристијано.

Познатиот Јутјубер дојде на натпреварот облечен во дрес на Португалија. Роналдо не знаеше дека е таму, но по натпреварот имаше една незаборавна сцена која го остави Воткинс без зборови.

Црната лимузина застана до Воткинс со помош на ѕвездата на Милан Рафаел Леао. Леао му кажал на еден постар колега за што се работи и Роналдо застана во придружба на обезбедувањето. Популарниот Јутјубер не можеше да поверува дека КР тоа го направи само за него.

Решил да му се поклони. Тој падна на колена пред Кристијано и врескаше од возбуда дека конечно ја сретна фудбалската икона.

„О Боже, о Боже“, повтори овој јутјубер кој беше целосно вознемирен, а не можеше да поверува дека пред него се појавил Кристијано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…