Фудбалерите на актуалениот шампион на Европа, Португалија славеа над Мексико во натпреварот за третото место на Купот на Конфедерациите.
Натпреварот започна одлично за Португалците, Андре Силва, беше соборен во шеснаестникот, а главниот судија покажа на белата точка. Човекот врз кого беше направен пеналот ја превзема одговорноста, но непишаното правило уште еднаш се повторни, Силва промаши.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
До крајот на првото полувреме немаше посериозни шанси, па на полувреме се замина без погодоци.
Сепак после нешто помалку од 10 минути игра во вториот дел Мексиканците стигнаа до водство. Чичарито испрати центаршут од левата страна, Нето лошо реагираше па го совлада својот голман.
За гол во мрежата на Мексико се чекаше долго време. Се играше првата минута од судиското продолжение кога центаршутот на Рикардо Кварезма во гол го претвори дефанзивецот Пепе.
Се замина во продолженија, а тука Лајун играше со рака во својот шеснаесетник, а главниот арбитар на натпреварот повторно досуди удар од белата точка. Одговорноста повторно ја превзема Силва, но овој пат беше прецизен.