Дома Останати Кошарка НБА Видео: Вестбрук ги реши Спарси, шампионот подобар од Мајами

Видео: Вестбрук ги реши Спарси, шампионот подобар од Мајами

Пет натпревари беа на програмата минатата вечер во НБА лигата, а најмногу внимание привлече брилјантната партија на Вестбрук против Сан Антонио Спарс.

Плејмејкерот на Оклахома, Расел Вестбрук, забележа нов трипл-дабл со 22 поени, 10 скока и 10 асистенции за да му помогне на неговиот тим да дојде до победа во дербито против Сан Антонио. Тој беше помогнат и од Стивен Адамс, кој го заврши мечот со 19 поени и 10 скока.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Најдобар поединец кај Спарси беше Деџоунте Мареј, кој постигна 17 поени и притоа додаде 10 скока.

Кошаркарите на Голден Стејт запишаа нова победа, откако на гостински терен го совладаа Мајами Хит со 95-123. „Воините“ одиграа фантастична трета четвртина која им ја донесе победата. Најефикасен во победничкиот тим беше Стеф Кари со 30 поени, а кај Мајами, Словенецот Драгиќ запиша 20 поени.

Останати резултати:
Њујорк Никс – Орландо Меџик 100:105
Минесота Тимбервулвс – Лос Анџелес Клиперс 112:106
Лос Анџелес Лејкерс – Хјустон Рокетс 95:118

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…