Дома Фудбал Англија Видео: Брајтон одигра одлично, но доби „покер“, Вилијан егзекутор на една од најубавите акции во сезоната

Видео: Брајтон одигра одлично, но доби „покер“, Вилијан егзекутор на една од најубавите акции во сезоната

Екипите на Брајтон и Челзи денес во терминот од 13:30 часот го одиграа својот натпревар во рамките од 24 коло во Премиер лигата.

Челзи одигра одличен натпревар и запиша победа од 0:4, иако и Брајтон имаше свои моменти и пропушти неколку добри прилики за да го промени текот на натпреварот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Сините“ рано уште во третата минута од натпреварот преку Еден Азар успеаа да стигнат до предност, а само три минути подоцна веќе беше 0:2. Вториот гол на Челзи беше постигнат после навистина фантастична акција во која егзекутор беше Вилијан.

За нови погодоци го чекавме вториот дел, Брајтон преку Скелото пропушти неколку одлични прилики при резултат 0:2 да го намали резултатот, казната за домаќинот стигна во 77 кога Азар го постигна својот втор погодок на натпреварот.

Конечните 0:4 ги постави Виктор Мозес во финишот од натпреварот.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп не доаѓа во Мадрид, но веќе се знае кој е новиот тренер на Реал Мадрид

Реал Мадрид ќе влезе во новата сезона со нов тренер, а според сите проценки, тоа ќе биде У…