Eкипата на Барселона потешко од очекувањата стигна до денешната победа против Гетафе од 1:2.
Гетафе одигра одличен натпревар, но сепак на крајот не успеа да издржи. Водство на домаќините донесе Габу Шибасаки кој испрати вистинска „бомба“ во мрежата на Тер Штеген на шест минути пред крајот на првиот дел, па избраниците на Бордалас на полувремето заминаа со предност.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во вториот дел Каталонците како да се разбудија, започна Барса да игра нешто подобро, а тоа се исплатеше после нешто повеќе од еден час игра кога Денис Суарез погоди за изедначување. За нова победа на Барса се погрижи играчот кој беше многу критикуван при неговото пристигнување на „Ноу Камп“, Бразилецот Паулињо.
Барса со оваа победа го задржа максималниот учинок од четири победи во исто толку натпревари, а во следното коло ги очекува натпревар на домашен терен против Еибар.