Дома Фудбал ВИДЕО Белингам го ископира потегот на Модриќ: Три месеци го гледам Лука секој ден

ВИДЕО Белингам го ископира потегот на Модриќ: Три месеци го гледам Лука секој ден

ЏУД БЕЛИНГЕМ одигра уште еден одличен натпревар за Реал, а Кралевите и го нанесоа првиот пораз на Џирона оваа сезона со 3:0 и се лидери на табелата во шпанската лига.

Брилијантниот млад играч од средниот ред го постигна третиот гол на натпреварот и одлично асистираше за првиот.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Неговото додавање со надворешната страна на десната нога е споредено со прославената асистенција на Лука Модриќ против Челзи во натпреварот од Лигата на шампионите.

„Ова беше важна победа за нас, Џирона беше во одлична серија. Воедно, ова беше нашата порака за тоа што имаме намера да направиме во Ла Лига, постигнавме три гола и сочувавме празна мрежа против тим кој игра многу добро“, рече Белингем и додаде:

“Се чувствувам добро во овој тим. Имам слобода на движење, уживам што сум тука. Секогаш кога ќе го облечам овој дрес, се трудам да играм добро”.

Оваа последна асистенција се издвојува бидејќи изгледа како копија од додавањата на Модриќ.

„Три месеци гледам што прави Модриќ секој ден. Сакам да бидам креативен. Тоа беше добар гол бидејќи го симна притисокот што ни го наметнаа од самиот почеток“, објасни тој.

Лука Модриќ повторно, како и во минатото коло против Лас Палмас, остана на резервната клупа.

Асистенцијата на Белингем погледнете ја ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стана јасно колку долго ќе отсуствува Шешко од игра

Повредата на напаѓачот на Манчестер Јунајтед Бењамин Шешко на неговото лево колено не е од…