Дома Фудбал ВИДЕО Англичаните градат спектакуларен стадион. На него наскоро ќе се игра Премиер лигата

ВИДЕО Англичаните градат спектакуларен стадион. На него наскоро ќе се игра Премиер лигата

Евертон оваа сезона доживува многу тешки денови. Откако минатата сезона едвај се спаси од испаѓање од Премиер лигата, оваа сезона според сите нешта го чека нова борба за да остане во елитното место на англискиот фудбал. А за тоа најмалку се виновни фудбалерите и тренерот.

Имено, Евертон до неодамна беше надвор од зоната за испаѓање, имаше 14 освоени бода и мирно го чекаше продолжението на сезоната, а потоа стигна казна за која беа одземени 10 бода.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Така сега е на претпоследното место во првенствениот поредок со четири бода, исто колку и Барнли, но Евертон има подобра гол разлика.

Во позадина на сето ова се случува нешто што дефинитивно ќе ја подобри состојбата на клубот. Имено, популарните Карамели од следната сезона своите домашни натпревари ќе ги играта на новиот стадион. Тие го напуштаат Гудисон Парк, стадионот на кој играат од 1892 година.

Новиот стадион се наоѓа на пристаништето Брамли Мур и моментално е во изградба. Се наоѓа над водата, на платформа која е специјално дизајнирана за да се изгради стадионот. Клубот ги објави првите видеа од овој спектакуларен објект.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Вирц згреши што потпиша за Ливерпул“

Поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман смета дека Флоријан Вирц направи грешка…