Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Азар со овој гест го воодушеви целиот свет

ВИДЕО: Азар со овој гест го воодушеви целиот свет

Челзи во 17. коло од англиската Премиер лига стигна до рутинска победа над Хадерсфилд со 1:3, а она што Еден Азар го направи по натпреварот е навистина одлично.

Одличен натпревар одигра Вилијан, кој постигна еден гол и запиша две асистенции, меѓутоа не ја доби наградата за најдобар играч на натпреварот, но Азар се потруди таа награда да дојде до неговите раце.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По завршување на натпреварот двајцата играчи беа во добро расположение кога даваа интервју, а потоа кога дојде време новинарите да ја доделат наградата, која беше планирана за Белгијанецот, тој ја зеде и му ја предаде на Бразилецот.

„Тоа е за тебе“, му рече Азар на Вилијан, кој изгледаше малку шокиран од одличниот гест на неговиот соиграч.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…