Дома Фудбал Останато Видал призна дека не среќен во Барселона

Видал призна дека не среќен во Барселона

Играчот за врска на Барселона, Артуро Видал призна дека не е задоволен од својот статус во клубот и минутажата која ја добива оваа сезона.

Со тоа Чилеанецот додатно ги разгоре шпекулациите за негово заминување од „Камп Ноу“ уште во зимскиот преоден рок.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Интер е сериозно заинтересиран да го донесе Видал во своите редови, а Чилеанецот призна дека повторно сака да работи со Конте.

„Со Антонио Конте работев беспрекорно, овој тренер ме направи еден од најдобрите во светот. Во фудбалот, најважна е довербата, кога тренерот верува во фудбалерот, тој може да прикажува многу подобри партии. Затоа, јас секогаш со задоволство се присетувам на тоа време на заедничка соработка во Јувентус“, изјави Видал и додаде:

„Сега не сум среќен бидејќи голем дел од времето минувам на клупата, правам се што можам за да се вратам во стартната постава. Не можам да најдам објаснување за малата минутажа, но тренерот прави свој избор. На мене е да се борам и да работам напорно“, истакна Видал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато колку пари заработи Челси, но и другите тимови на Светското клупско првенство

Челси синоќа убедливо го совлада ПСЖ со 3-0 и триумфираше на Светското клупско првенство, …