Дома Фудбал Видал осуден за тепачка во дискотека!

Видал осуден за тепачка во дискотека!

Ѕвездата на Барселона, Артуро Видал се спаси од затворска казна, но ќе треба да плати казна од 800.000 евра поради тепачка во дискотека.

Екс играчот на Баерн беше прогласен за виновен поради тепачка во еден ноќен бар во Минхен пред една година, каде имаше еден сериозно повреден.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Видал бил во дискотеката со својот брат и татко, а според сведоците тројцата биле многу пијани. Во еден момент фудбалерот фрлил со шише водка кон друг маж и го повредил во главата.

Човекот се здобил со расекотини и потрес на мозокот, а обвинителството веднаш покрена истрага. Денес беше изречена пресудата, а покрај 800.000 евра кои треба да ги плати Видал, неговиот брат доби казна од 16.000 евра, а неговиот татко треба да плати 32.000 евра.

Ова не е прв пат Видал да биде осуден за ваков инцидент. Додека играше за Јувентус исто така беше казнет за тепачка тогаш со 100.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …