Тимот на Вест Хем бара 150 милиони фунти за потенцијалниот трансфер на Даклан Рајс, пренесува „Дејли Мејл“.
Фудбалерот на „Чеканите“ и репрезентативец на Англија одбива да потпише продолжување на соработката и ќе биде ставен на продажба на крајот на сезоната. Лондонскиот клуб се надева на рекордно висока цена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Рајс има договор со Вест Хем до летото 2024 година и во клубот веќе се свесни дека не можат да го задржат, затоа ќе се обидат што е можно повеќе да заработат. Заинтересирани има, но цената е рекордно висока за Премиер лигата.
Актуелниот рекорд во Премиер лигата го држи Џек Грилиш од Астон Вила во Манчестер Сити за 100 милиони фунти. Вест Хем сака 50 повеќе, а како најзаинтересиран клуб е Манчестер Јунајтед. Рајс според информациите на Островот не би имал ништо против трансфер на „Олд Трафорд“.