Дома Фудбал Останато Веста за хотелите на Роналдо е лажна – фудбалерот се уште не донел одлука!

Веста за хотелите на Роналдо е лажна – фудбалерот се уште не донел одлука!

Утрово „Марка“ пренесе дека Кристиано Роналдо одлучил своите хотели да ги пренамени во болници и да ги стави во фикција на лекување од коронавирусот.

Оваа вест како „бомба“ одекна во целиот свет, но сега стигнуваат информации дека веста била ЛАЖНА.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Роналдо има ланец на хотели во неколку европски земји како што се Португалија, Франција, Шпанија, но фудбалерот се уште не донел таква одлука.

Бројни извори објавија дека оваа одлука се уште не е донесена и дека иако Роналдо веројатно размислува за ова, засега не може да се потврди. Португалскиот новинар Филипе Каетано неколку часа подоцна ја демантираше Марка и ги нападна новинарите кои ја објавиле веста без да ја проверат.

„Кризата во Португалија не е толку голема за да има недостиг од болници и медицински установи што би се користеле како карантин. Дури и доколку ситуацијата ескалира, постојат бројни државни згради кои многу полесно би биле користени како болница отколку луксузен хотел. Исто како и фактот дека Роналдо би ги плаќал лекарите, е уште една невистина бидејќи сите медицински лица кои учествуваат во оваа борба се платени од државниот буџет“, порачаа португалските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фотографии од Модриќ по мечот со ПСЖ кои нема да ги остават рамнодушни навивачите на Реал Мадрид

ПСЖ синоќа го декласираше Реал Мадрид со 4:0 во полуфиналето од Светското клупско првенств…