Дома Топ вести Веста дека Роналдо преговара со Чезли го запали алармот на „Олд Трафорд“

Веста дека Роналдо преговара со Чезли го запали алармот на „Олд Трафорд“

Новиот сопственик на Челзи, Тод Боли имал состанок со Жорге Мендеш за можен сензационален трансфер на Кристиано Роналдо на „Стемфорд Бриџ“.

Се погласни се информациите дека Португалецот е крајно незадоволен од тоа како се развива селекцијата во клубот и почнува да губи надеж дека „црвените ѓаволи“ ќе имаат тим способен да освојува титули за следната сезона.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Токму поради оваа причина се појавија гласини дека Роналдо би можел да се пресели во Баерн Минхен или Рома.

Сепак, веста за разговори со сопственикот на Челзи најмногу го фрустрира раководството на Манчестер Јунајтед. Според „Мирор“, „црвените ѓаволи“ јасно му ставиле до знаење на Роналдо дека немаат намера да го пуштат во директен ривал.

Новиот менаџер на тимот Ерик тен Хаг веќе ја испланирал сезоната со Роналдо во тимот и Јунајтед сака да го задржи Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…