Интер вчера на гости славеше против Ливерпул со 1-0, но не успеа да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).
На почетокот на второто полувреме Интер постигна гол за 1-0 преку Лаутаро Мартинез, меѓутоа само една минута подоцна пристигна шок за гостите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Алексис Санчез заработи црвен картон кој предизвика многу критики, а се јави и легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер кој го обвини Фабињо.
„Тенка е линијата меѓу тоа дали мамиш или си паметен. Фабињо во овој случај мамеше. Имаше контакт и не може да кажете дека тој беше доволен за жолт картон. Ако станеше побрзо, реакцијата од судијата ќе беше поинаква. Алексис ја удри прво топката и немаше намера да го повреди, а Фабињо го искористи тоа за да одглуми“, вели Венгер.