Дома Фудбал Англија Венгер: Поради Арсенал ги одбив сите понуди од Премиер лигата!

Венгер: Поради Арсенал ги одбив сите понуди од Премиер лигата!

Арсен Венгер потврди дека одбил неколку понуди од Премиер лигата, но не ги откри имињата на клубовите бидејќи смета дека не е коректно.

Искусниот стратег потенцираше дека големата поврзаност кон Арсенал е причината да ги одбива понудите на клубовите од Премиер лигата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во мај 2018 година Венгер го напушти „Емирати“ после 22 години работа во Арсенал и се уште е без ангажман.

„Јас сум човек на Арсенал, а после тоа сум професионалец, не можам да престанам да работам. Одлучив да се повлечам од Премиерлигата бидејќи премногу сум поврзан со Арсенал, имав неколку можности да работам во Англија, но истите ги одбив, не би сакал да ги откријам клубовите, бидејќи постојат луѓе кои се на раководни места во поглед на тие понуди кои ги имав и не би било коректно кон нив да откријам нешто повеќе на оваа тема“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Варди договори шокантен трансфер, но потоа тренерот стопираше сè

Легендата на Премиерлигата, а особено на Лестер Сити, Џејми Варди имаше договорен трансфер…