Фудбалерите на Арсенал денеска гостуваат кај Милан во рамките на првиот натпревар од осминафиналето во Лига Европа, а тренерот на Топџиите, Арсен Венгер е загрижен поради повредите на своите играчи.
Венгер поради повреда нема да може да смета на неколку играчи од првиот тим.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Белерин е повреден, има проблеми со левото колено. Тој се обиде, но не можеше да го издржи тренингот, па го оставивме дома. Мислам дека не е голем проблем. Лаказет не е подготвен. Исто така дома го оставивме и Начо Монреал бидејќи и тој не е спремен. Тој денеска го почна тренингот, но се виде дека не е спремен.“ – изјави Венгер.
Французинот го превзема Арсенал во 1996. година кога Гатусо беше млад фудбалер, па новинарите ги интересираше дали има некој совет за Гатусо во тренерската работа, а Венгер даде интересен одговор.
„Немам некој посебен совет. Тој е човек со многу искуство. На мене не ми оди најдобро, па може јас да добијам некој совет од него.“
Да потсетиме, вечерашниот дуел е на програмата од 19.00 часот.