Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер го коментираше статустот на Манчестер Јунајтед, изразувајќи дека тимот има потенцијал, но сепак не може да го реализира.
Според Франзуцинот, „Црвените ѓаволи“ не можат да се борат за титулата во Премиер лигата овој момент.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Кога го гледате Манчестер Јунајтед, гледате прекрасен тим со потенцијал, но сепак не можат да го реализираат. Овие играчи можеби не се доволно зрели за да играат како тим, односно да играат како што треба да игра Манчестер Јунајтед. Според тоа како играат, не може да ги сметате за кандидат на титулата. Јас лично не сум убеден“, изјави Венгер.