Дома Трансфер зона Венгер категоричен: Озил и Санчез не одат никаде!

Венгер категоричен: Озил и Санчез не одат никаде!

Арсенал нема да ги продава двете најголеми ѕвезди, Алексис Санчез и Месут Озил во зимскиот преоден рок, потврди менаџерот на „топџиите“, Арсен Венгер.

Договорите на двајцата фудбалери истекуваат на крајот на сезоната и во моментов е јасно дека нема шанси да стават потпис на нови договори.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поради тоа во медиумите се шпекулираше дека можат да бидат продадени во зимскиот преоден рок, но Венгер категорично го демантираше тоа.

„Ви кажува и за двајцата – Да, сигурно ќе останат. Ќе го анализираме секој случај одделно и индивидуално. Мојата желба е сите да останат“, изјави Венгер.

Според ова јасно е дека Арсенал е спремен да ги загуби двајцата следното лето без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…