Дома Фудбал Англија Венгер верува во Михтаријан – Еве што изјави за новото засилување!

Венгер верува во Михтаријан – Еве што изјави за новото засилување!

Сагата околу трансферот на ерменскиот играч Хенрик Михтаријан во Арсенал конечно е завршена.

Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед се согласи да се пресели во Арсенал, а во спротивна насока си замина Алексис Санчез. Проблем за Михтаријан може да претставува фактот дека во последно време не играше многу во дресот на „Црвените ѓаволи“, а новинарите ги интересираше миселњето на Венгер за тоа како влијаело на одличниот играч за врска.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Да, нормално е човек да се загрижи како и колку тоа влијаеше на него. Но, ова е нов предизвик за него. Тоа што го сакаше во животот е нова прилика и сигурен сум дека тој, со својот квалитет, таа прилика ќе ја искористи. Го запознав Михтаријан во времето кога потпиша за Манчестер. Зборувавме во тоа време, бевме блиску, но не одеше“, изјави францускиот стратег.

Потсетуваме, прилика за деби Михтаријан ќе има уште денеска во натпреварот од Лига Купот против Челзи на домашен терен. Тоа ќе биде идеална прилика за него да се докаже, како на Венгер, така и на домашните навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рафиња го изненади фудбалскиот свет по елиминацијата на Барселона: Ова беше срамна кражба (Видео)

Барселона синоќа се прости од Лигата на шампионите затоа што во четвртфиналниот двомеч беш…