Поранешниот менаџер на Стоук, Тони Пјулис разговараше со Питер Крауч, тема беше периодот на Стоук во Премиер лигата.
Стоук беше „тврд орев“ посебно за Арсенал и Арсен Венгер. Сигурно оние кои го следеа овој тим и Премиер лигата се сеќаваат на Рори Делап и неговите неверојатни уфрлувања од аут кои очигледно му пречеле на Венгер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не можете да кажете дека фудбалот е повеќе рагби отколку фудбал“, своевремно зборуваше Венгер за екипата на Пјулис која на разни начини успеваше да им парира на големите клубови.
„Венгер првпат не нарече рагби екипа кога ги победивме трет пат дома. Го избегнуваше прашањето како може еден тим со толку помал талент, квалитет и пари да го победува Арсенал. Патрик Виерa, поранешниот играч на Арсенал ми кажа дека мразат да доаѓаат кај нас на гости. Венгер се жалеше дека тревата е предолга, па пишуваше на англискиот сојуз. Тие мораа да дојдат да ја измерат. Знаеме и дека зборуваше дека треба да не ни биде дозволено да нафрлуваме од аут. Тоа што го зборуваше беше музика за нашите уши“, раскажа Пјулис.
За аутите на Рори Дела знае цел свет. Од каде има толку сила толку далеку да ја фрли топката?
„Се покажа дека бил шампион во скок во неговото училиште. Едноставно од таму ги добил сите можности и талент. Го користивме како наше оружје. Со него беше како да имаме осум или девет корнери по натпревар“, нагласи Пјулис.