Дома Фудбал Англија ВАР ќе се тестира викендов во Премиер лигата

ВАР ќе се тестира викендов во Премиер лигата

ВАР технологијата за прв пат ќе биде тестирана на неколку меча во Премиер лигата во исто време. Тоа ќе се случи во сабота на пет натпревари кои ќе започнат во 16 часот по наше време.

Минатата сезона ВАР системот беше тестиран на одделни натпревари, но сега од Премиер лигата сакаат да видат како ќе функционира покривајќи неколку меча истовремено.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сите видеоасистенти ќе се наоѓаат во една централа, од каде ќе се следат судиските грешки. Меѓутоа, во ниту еден момент нема да има комуникација помеѓу судиите и луѓето зад мониторите, бидејќи се работи за тест.

Во април клубовите од Премиер лигата гласаа за воведување на ВАР и одлучија оваа сезона да биде тестиран.

ВАР системот веќе го има во Серија А, Бундес лигата и Примера, па Премиер лигата е едно од ретките големи првенства каде се уште не е официјално воведен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …