Дома Актуелно Варди откри уште една неверојатна работа за Канте од времето во Лестер

Варди откри уште една неверојатна работа за Канте од времето во Лестер

Еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата во последните неколку години, Џејми Варди во интервјуто за „Л’Екип“ откри уште една неверојатна работа за Нголо Канте.

Канте во фудбалскиот свет е познат како многу скромен човек и некој кој не сака да се истакнува во прв план. Покрај тоа тој на теренот е вистински борец и за него нема загубена топка.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Варди откри дека Канте кога дошол на почетокот во Лестер бидејќи немам автомобил размислувал да трча секој ден од тренинг центарот до неговиот дом.

„Огромно задоволство претставуваше да се игра за Канте. Станува збор за еден голем човек и фантастичен фудбалер. Кога на теренот ќе ја изгубевме топката, тој се појавуваше од некаде и ја освојуваше. Верувајте ми изгледаше како некогаш намерно да ја губи за потоа да ужива кога ќе трча по противникот и ќе ја земе. Кога дојде во Лестер немаше автомобил и сериозно размислуваше да трча секојдневно од тренинг центарот до неговиот дом. Тој остануваше после тренинг трчаше уште неколку километри и затоа немаше да му биде проблем. Сепак го убедивме да не го прави тоа“.

„Потоа на тренинзите секогаш доаѓаше со својот Мини Купер. Минатиот месец кога игравме против Челзи дојде во соблекувалната да не поздрави, тогаш го прашав дали уште го вози тој автомобил. Ми одговори дека тој модел го вратил во Франција, но дека си купил нов Мини Купер“, откри Варди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Вознемирувачко видео: 17-годишен фудбалер почина од срцев удар 🎥

Младиот алжирски фудбалер Васим Ел-Газар почина како последица од срцев удар за време на ф…