Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар се собира на 9. јанаури, а на 15. патува за Турција: Го чекаат Хајдук, Динамо, Звезда…

Вардар се собира на 9. јанаури, а на 15. патува за Турција: Го чекаат Хајдук, Динамо, Звезда…

Тимот на Вардар повторно за вториот дел од сезоната ќе се подготвува во Анталија, Турција каде што црвено-црните ќе останат 20 дена во кои ќе одиграат шест пријателски натпревари (пет се закажани, за еден се чека потврда).

Вардар се собира на 9. Јануари во тренинг кампот во Хиподром и тогаш ќе биде првата прозивка. На 15. јануари тимот заминува за Анталија, а првиот контролен натпревар ќе го играат на 20. јануари со Хајдук, потоа следуваат Динамо Киев, Црвена Звезда, Борац Бања Лука и Мура. За противникот на 26. Јануари се уште се чека потврда.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Тренерот Александар Васоски за официјалниот сајт на клубот го соопшти планот за подготовките.

„Прво да им честитам Нова година и Божиќни празници на сите симпатизери на Вардар. За нас ова ќе биде година во која ќе мора да ги потврдиме игрите од првиот дел, да бидеме уште подобри, да се подобриме во секое поле, и нормално сите ние и нашите навивачи посакуваме да ја заокружиме со титула. Што се однесува до подготовките, почнуваме на 9. јануари. Ќе тренираме во нашиот тренинг камп во Хиподром до 14. јануари, а потоа на 15. јануари заминуваме во Анталија каде ќе одиграме пријателски натпревари со цел да го издигнеме нашето ниво и нашиот систем на игра. Резултатите од контролите не се во прв план. Играчкиот кадар е добро познат на јавноста, сега останува уште подобро да се воиграме и подготовени да го дочекаме пролетниот дел“, рече шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски.

Распоред на пријателските натпревари:

20.01. – Вардар – Хајдук (Хрватска)

23.01. – Вардар – Динамо Киев (Украина)

26.01. – пријателски натпревар (противникот дополнително ќе биде објавен)

29.01. – Вардар – Црвена Звезда (Србија)

02.02. – Вардар – Борац Бања Лука (БИХ)

03.02. – Вардар – Мура (Словенија)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Облак бранеше се, Коста правеше „чуда“, Португалија во четвртфинале🎥

Португалија се пласира во четвртфиналето во Европското првенство после вистинска пенал дра…