Екипата на Вардар вечерва гостува во Полска кај Кјелце и по првото полувреме има негатива од 6 гола разлика.
Вардар тргна добро, поведе со 2:5, но Кјелце се врати веднаш и израмни на 5:5. Кјелце првото водство го имаше во 14. минута кога Душебаев погоди за 9:8.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во продолжение Вардар имаше неколку грешки, па Кјелце направи 5:0 и поведе со 15:10.
На крајот, после првите 30 минути игра Кјелце замина на полувреме со +6 (18:12) и најави уште една, нова победа против црвено-црните.
Коментари