Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар добива нов фудбалски дом – ќе гради модерен стадион во Карпош

Вардар добива нов фудбалски дом – ќе гради модерен стадион во Карпош

Македонскиот фудбалски шампион Вардар ќе добие нов фудбалски стадион на кој ќе ги игра своите натпревари и истиот ќе биде лоциран во скопската населба Карпош, пренесува порталот „Спорт1“.

Вардар во моментов своите натпревари ги игра на Арената „Филип Втори“, но сопственикот Сергеј Самсоненко веќе подолго време имал идеја да изгради нов фудбалски дом за „црвено-црните“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Како што пренесува „Спорт1“ новиот стадион ќе се гради во општина Карпош, на местото на теренот на Локомотива и ќе биде луксузен и ултра модерен.

Од македонскиот шампион потврдија за порталот дека за да започне изградбата треба само да се средат бирократските работи со општина Карпош.

Сеуште нема потврда од клубот колкав ќе биде капацитетот и како ќе изгледа новиот стадион, но пред извесно време во медиумите се појавија фотографии за тоа какви се плановите и како треба да изгледа новиот стадион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…