Дома Фудбал Ван Нистелрој со емотивно писмо се прости од навивачите на Манчестер Јунајтед

Ван Нистелрој со емотивно писмо се прости од навивачите на Манчестер Јунајтед

Рубен Аморим (39) го презеде Манчестер Јунајтед. Има 13 дена да го подготви тимот за првенствениот натпревар со Ипсвич кој се игра по репрезентативната пауза.

Доаѓањето на Аморим значи и заминување на Руд ван Нистелрој, легендарниот холандски напаѓач кој го презеде Манчестер Јунајтед по заминувањето на Ерик тен Хаг. Ван Нистелрој успешно го водеше Јунајтед во последните четири натпревари. Имаше три победи и само едно реми. Тој се прости со писмо кое го објави на социјалните мрежи.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


„Чувството е посебно“
„Ова беше прекрасен момент, се вратив во клубот и почнав да работам. Водев четири натпревари, сите четири дома. Имавме добри резултати и постигнавме навистина убави голови. Тоа е посебно чувство. Ме гледаа татко ми и мојот син, ова беа фантастични моменти“, напиша поранешниот центарфор на Јунајтед.

Во својата тренерска кариера ги водеше помладите екипи на ПСВ, а со сениорскиот тим одработи 50 натпревари. Потоа стана помошник на Ерик тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а по неговото заминување накратко стана и главен тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рагник ќе добие отказ и покрај успехот со Австрија, не помага ниту советот од германската легенда?

Пред натпреварот против Казахстан во репрезентацијата на Австрија владее големо незадоволс…