Дома Фудбал Англија Ван Дијк ќе дебитира за Ливерпул во големото дерби!

Ван Дијк ќе дебитира за Ливерпул во големото дерби!

Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, Вирџил ван Дијк најверојатно ќе дебитира за Ливерпул во градското дерби против Евертон во рамките на ФА Купот, пренесуваат англиските медиуми.

Неговата документација веќе е комплетирана после трансферот од Саутемптон „тежок“ 75 милиони фунти, па Ван Дијк ќе му биде на располагање на тренерот Јирген Клоп.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ван Дијк најверојатно ќе го започне натпреварот од клупата, а неизвесни за дуелот се уште Мохамед Салах и Садио Мане. Двајцата ќе бидат во Африка на доделување награди, па Ливерпул им обезбеди приватен авион.

„Кај нас играат двајца од тројцата најдобри фудбалери од Африка, па ние сме должи да го почитуваме нивниот специјален ден. Единствената разлика е што останатите играчи ќе спијат во хотел, а тие во авион“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…