Дома Фудбал Англија Ван Дијк: Во следните три натпревари Ливерпул оди по три трофеи

Ван Дијк: Во следните три натпревари Ливерпул оди по три трофеи

Ливерпул и Тотенхем во сабота ќе го играат финалето од Лигата на шампионите во Мадрид и тоа ќе биде нова прилика за Јирген Клоп да го освои првиот трофеј со „црвените“.

Фаворит на оваа средба е минатогодишниот финалист во ова натпреварување, а стоперот на овој тим Вирџил Ван Дијк финалето го гледа и како отварање на борба за дополнителни два трофеи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул ја изгуби трката во Премиер лигата со Манчестер Сити и не ја освоија титулата која овој клуб ја чека 29 години, иако беа толку блиску (еден бод помалку од Сити).

„Не размислуваме за тоа како ја изгубивме Премиер лигата за само еден бод или како изгубивме во финалето од Лигата на шампионите минатата година. Не е вредно да се зборува за тие работи. Размислуваме само за тоа да одиграме најдобро што знаеме“, изјави холандскиот стопер и продолжи:

„Некаде прочитав дека ако ја освоиме Лигата на шампионите, следните два натпревари се Комјунити Шилд и УЕФА Суперкупот. Според тоа можеме да освоиме три трофеи во три натпревари. Тоа е нешто кон кое целиме“, порача Ван Дијк.

Ливепрул со евентуалниот триумф во финалето ќе ги залечат (колку-толку) раните од поразот во минатогодишното финале и загубената трка во Премиер лигата, а дали ќе успеат во тоа или Тотенхем ќе им нанесе уште еден удар ќе дознаеме во сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…