Фудбалерот на Ливерпул и еден од најдобрите стопери во светот, Вирџил Ван Дајк откри кој според него е најдобриот на неговата позиција на сите времиња.
Холанѓанецот нема дилеми дека тоа е легендата на италијанскиот фудбал, Паоло Малдини.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За мене Паоло Малдини е најдобриот стопер во историјата. Неверојатно многу го почитувам тој човек. Тој е вистинска фудбалска легенда. Играше на неверојатен начин и освои се со Милан“, изјави Ван Дајк.
Минатата година Ван Дајк долго отсуствуваше поради повреда, а додека се опоравувал ги гледал дресовите од минатото и го пронашол оној на Малдини.
„Додека бев повреден ги собирав дресовите кои ги имав дома, се потсетив на еден од неговиот потпис. Посакав да го видам и да го прашавам како е“, се потсети стоперот на Ливерпул.
Ван Дајк се уште не ги достигнал успесите на Малдини, но е на добар пат втор пат по во кариерата да стане шампион со Ливерпул. После титулата во 2019 година Ливерпул ќе игра ново финале против Реал Мадрид на 28. мај.