Пред неколку дена во центарот на вниманието на фудбалската јавност беше наводната изјава на Вирџил Ван Дајк која ја пренесуваа англиските медиуми дека можеби ќе замине од Ливерпул.
Сепак, одличниот дефанзивец сега демантира и тврди дека изјавата не била најдобро пренесена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фудбалерот на Ливерпул ги обвини новинарите дека тие ја извадиле контекс.
„Не сум кажал дека ќе заминам, мојата изјава беше извадена од контекс. Фокусиран сум на клубот и сакам да имаме добри резултати. Објавата на Клоп секако дека влијаеше на нас, но тоа не ги менува амбициите кои ги имаме за оваа сезона. Среќен сум и уживам во секоја минута на теренот како капитен на голем клуб како што е Ливерпул“, изјави Ван Дајк.
Ќе потсетиме, изјавата на Ван Дајк која се пренесуваше од Островот дојде само неколку дена откако Клоп потврди дека ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната.