Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Луи Ван Гал во разговор за „Sport Bild“ откри дека своевремено на „Олд Трафорд“ сакал да доведе две големи ѕвезди од Бундеслигата, но на крајот до договор не дошло.
Ван Гал го превзеде Манчестер Јунајтед летото 2014. година по завршувањето на Светското првенство во Бразил каде што со репрезентацијата на Холандија заврши на 3. позиција, а на „Олд Трафорд“ не забележи особено добри резултати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Речиси две години подоцна, тој призна дека малку фалело да доведе два врвни играчи – Матс Хумелс и Томас Милер.
„Сакав да го доведеам Матс Хумелс во Манчестер Јунајтед. Но, тој во тоа време ја завршуваше многу лошата сезона и на крајот се откажавме. Можам да потврдам дека бевме заинтересирани и за Милер. Но, не постоеше ништо што во таа ситуација можевме да направиме. Баерн јасно ни кажа дека тој не е на продажба“, изјави Ван Гал.
Потсетуваме, Луи Ван Гал го водеше Манчестер Јунајтед од 2014. до 2016. година, но поради лошите резултати со екипата од „Олд Трафорд“ доби отказ.