Деветкратниот светски шампион Валентино Роси ќе остане во Мото ГП шампинатот до 2020 година, откако денес го продолжи договорот со Јамаха.
Роси моментално има 39 години, тоа значи дека ќе вози во најсилната мото класа до 41 година и ќе биде само вториот четириесет-годишник кој настапил во Мото ГП по Колин Едвардс во 2014 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Новиот договор ја демонстрира желбата на Јамаха да не прават промени во тимот и покрај неуспашната сезона 2017. Совозачот на Роси, Маверик Винјалес исто така го обнови договорот до 2020 година.
Valentino Rossi will start his 23rd racing season this weekend… and there are many more impressive achievements to come in the next two years with Yamaha!#MovistarYamaha | #MotoGP | #QatarGP | @ValeYellow46 pic.twitter.com/PihGMmNxbx
— Yamaha MotoGP (@YamahaMotoGP) March 15, 2018