Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде не откри дали Лионел Меси ќе биде спремен за настап на утрешниот меч против Севиља.
Меси ги пропушти двата натпревари на аргентинската репрезентација против Италија и Шпанија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Меси има мали болки и треба да внимаваме. Таквата болка може да се претвори во кинење на мускулот и тогаш работите ќе се искомплицираат“, изјави Валверде, а потоа одговори како се чувствува Меси после поразот од 6:1.
„Добар е, спокоен. Вчера разговаравме, сите сакаат да победуваат, но од психичка гледна точка Лео е во перфектна состојба“.
Иако Валверде не сакаше да открие дали Меси ќе настапи против Севиља, сепак медиумите тврдат дека Аргентинецот мечот ќе го почне од клупата.