Дома Фудбал Валверде подобар од Гаврдиола и Луис Енрике

Валверде подобар од Гаврдиола и Луис Енрике

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде е на добар пат да стане третиот стратег во шпанскиот фудбал кој ќе ја има можноста да освои тројна круна.

Интересно, Валверде во својата прва сезона на кормилото на Каталонците се справува подобро од своите претходници Пеп Гвардиола и Луис Енрике.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Во сезоната 2008/09 Барселона стана првиот шпански клуб кој успеал да освои тројна круна под раководство на Пеп, освојувајќи ја титулата во Примера со 9 бода предност. Во 2014.15 Луис Енрике освои тројна круна, а сезоната ја заврши со 2 бода пред Реал Мадрид.

Само за споредба, Валверде во моментов има 11 бода предност пред второпласираниот Атлетико Мадрид. Притоа лесно стигна до четвртфиналето во ЛШ каде за противник ќе ја има Рома.

Барселона исто така ќе игра и во финалето на Купот каде за противник ќе ја има Севиља.

Каталонските фанови веќе мечтаат за ново историско достигнување, а дали ќе успеат, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пандев: Менував и по четири авиони да играм за Македонија, некои едноставно не сакаат

Maкедонската фудбалска легенда Горан Пандев во интервју за „Fotmob“ зборуваше на разни тем…