Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Ваква во овој момент изгледа нокаут фазата на ЕП – левата страна е застрашувачка

Ваква во овој момент изгледа нокаут фазата на ЕП – левата страна е застрашувачка

Откако го дознавме исходот во четири од шесте групи на Европското фудбалско првенство, познати се двете осминафинални двојки, но веќе можеме да видиме како ќе изгледа целата ждрепка

Вчера имавме драматичен расплет во групите Ц и Д, а останува да ги дознаеме патниците во осминафиналето од последните две групи. Натпреварите се закажани вечерва од 18 и 21 часот, по што ќе биде познат комплетниот костур на ждрепката за нокаут фазата.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Но, по нешто досега е познато. Познати се два осминафинални парови: Германија – Данска и Швајцарија – Италија

Два досега познати дуели се Германија – Данска и Швајцарија – Италија.

Во исто време, условно кажано, левата страна на ждрепката изгледа навистина страшно. Шпанија, Германија, Португалија и Франција се на иста страна на ждрепката и овие четири селекции ги формираат проектираните четвртфинални двојки, доколку ја оправдаат улогата на фаворити.

Од друга страна, Англија и Италија моментално се на десната страна на ждрепката, а може да им се приклучат и Белгија и Холандија.

Досега повеќето работи ќе беа познати доколку останеше стариот систем на европски првенства, но УЕФА го зголеми бројот на учесници од 16 на 24. Проблемот го создаваат третопласираните тимови кои можат да играат со различни победници во групите, па затоа ривалите на бројни селекции се уште се непознати.

Но, доколку вечерва натпреварите завршат со очекуваните резултати, од третопласираните, Холандија треба да оди во Англија. На повидок е дуел меѓу Австрија и Турција, како и Франција и Романија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Италија во проблеми пред натпреварот со Швајцарија

Со натпреварот денеска помеѓу Швајцарија и Италија започнува нокаут фазата на Европското п…