Дома Трансфер зона Буфон се прости од Јувентус, ПСЖ го чека со раширени раце

Буфон се прости од Јувентус, ПСЖ го чека со раширени раце

Вчерашниот ден беше последен за Џанлуиџи Буфон како играч на Јувентус бидејќи заврши неговиот договор со „старата дама“.

Буфон цели 17 години беше член на Јувентус, а од денес е слободен играч. О тој повод со емотивна порака преку социјалните мрежи се прости од „старата дама“.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„17 години во дресот на „Бјанконерите“, денес се навршуваат 17 години со толку пријатели, соиграчи, солзи, победи, порази, трофеи, зборови, лутина, разочаруваее, среќа и многу тоа, со толку емоции. Никогаш нема да заборавам ниту дел од тоа. Секогаш се ќе носам со себе“, напиша Буфон.

Италијанските медиуми пренесуваат дека во следните денови Буфон треба да пристигна во Париз на лекарски прегледи и во следните две години ќе го носи дресот на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…