Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Буфон го откри својот фаворит за освојување на Светското првенство во Русија

Буфон го откри својот фаворит за освојување на Светското првенство во Русија

Италија во првиот натпревар по испаѓањето од квалификациите за Светското првенство против Шведска повторно загуби, во пријателскиот натпревар одигран во Манчестер подобра беше Аргенгина со 2:0.

Новиот пораз на Италијанците го коментираше легендарниот Буфон кој во тој натпревар се врати на голот, иако репрезентативната пензија веќе беше најавена.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


„Можеше да заврши 0:0 или 1:1 или 2:2, но Аргентинците успешно ги реализираа своите шанси, а ние не. Италија е во фаза на реконструкција на екипата по испаѓањето во плеј-офот. Тоа е невообичаен момент во историјата, но и во друга ера и Италија и Аргентина би биле земји кои би можеле да играат полуфинале или пак финале на Светското првенство“, изјави голманот на Јуве и го откри својот фаворит за освојување на Светското првенство:

„Аргентина е дефинитивно меѓу главните фаворити, блиску се и Бразил, Германија и Шпанија. Па погледнете само каков потенијал имаат во нападот, а тука се и неколку добри дефанзивци“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Александар-Арнолд на удар од жестоки критики во Шпанија

Трансферот на Трент Александар-Арнолд во Реал Мадрид, кој требаше да биде остварување на с…