Барселона сака да го подмлади составот, па една од жртвите на ремонтот ќе биде капитенот и легенда на клубот, Серхио Бускетс.
Бускетс е голема желба на новиот тим на Кристијано Роналдо, Ал Наср од Саудиска Арабија, кој продолжува да бара звучни засилувања.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Искусниот фудбалер на каталонската екипа ги има освоено сите титули и Ал Наср сака да му понуди нов предизвик, но и плата од неверојатни 13 милиони евра, колку што не би добил во ниту еден друг клуб.
Бускетс има договор на уште шест месеци и веќе може да почне преговори со заинтересираните страни, па наскоро се очекува да потпише за Ал Наср.