Дома Топ вести Бурно е во Париз: Меси се налутил и го напуштил тренингот!

Бурно е во Париз: Меси се налутил и го напуштил тренингот!

И покрај големите очекувања со триото Меси, Мбапе и Нејмар ПСЖ повторно имаше лоша сезона во Европа и се соочи со рана елиминацијата од Лигата на шампионите, па очекувано е да има незадоволство кај фудбалерите.

Помеѓу незадоволните е и Меси, а француските медиуми пишуваат и дека Аргентинецот тоа го покажал така што го напуштил тренингот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Според информациите Меси го напуштил тренингот затоа што бил незадоволен од она што го нудел Галтие кој се обидел да го смири и да го убеди да го одработи до крај, но немал успех во обидите.

Претходно во медиумите се највуваше и дека навивачите на ПСЖ ќе испратат свирежи кон Меси во неделниот натпревар против Рен.

„Ќе испратиме свирежи до Меси во неделниот натпревар во Париз против Рен, тоа ќе го направиме затоа што и оваа година не направи ништ ово Лигата на шампионите, а од клубот е преплатен. Не го сакаме повеќе во клбуот“, порачале ултрасите на „светците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рој Кин: Ливерпул не е фаворит за титулата

Рој Кин го исклучи Ливерпул од трката за титулата во Премиер лигата, истакнувајќи дека еки…