Скоро сите ќе се согласат дека доведувањето на Бруно Фернандеш беше еден од најдобрите потези на Манчестер Јунајтед после ерата на Ферги.
Португалецот донесе пресврт во играта на „црвените ѓаволи“ и се наметна како лидер на тимот. Од кога дојде во вториот дел од сезоната Фернандеш постигна 12 голови и додаде осум асистенции. Тренерот на Тотенхем и сонародникот на Фернандеш, Мурињо констатираше дека е очигледно влијанието на Фернандеш во играта на Јунајтед, но потенцираше дека осум од тие 12 голови постигнал од пенал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бруно дојде, беше фит, одигра многу добро и го унапреди квалитетот на тимот. Исто така се покажа како одличен изведувач на пенали, имаше навистина многу прилики да шутира“, изјави Мурињо.
Фернандеш не возврати жестоко.
„Мислам дека сум добар изведувач на пенали ништо повеќе. Од неговите зборови ќе го прифатам тоа дека добро ги изведувам пеналите затоа што сум човек кој позитивно гледа на работите. Ги слушам луѓето како зборуваат дека постигнувам голови само од пенал, но според статистиката само Кевин Де Брујн учествувал во повеќе голови од мене“, изјави Фернандеш.
Сезоната во Премиер лигата почнува за десет дена (12 септември), а на Манчестер Јунајтед одложен му е првиот натпревар поради обврските во Европа.