Дома Фудбал Англија Бруно Фернандеш ги прекина преговорите за нов договор

Бруно Фернандеш ги прекина преговорите за нов договор

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш ја одби понудата и ги стопира преговорите за нов договор со клубот, пренесуваат англиските медиуми.

27-годишниот Португалец одлично ја започна својата авантура на „Олд трафорд“ откако пристигна пред точно две години и беше најдобар играч кај „црвените ѓаволи“.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Во исто време Фернандеш е еден од фудбалерите со најниска плата и добива „само“ 100.000 фунти неделно. Тоа е на рамниште на Фил Џонс и е четири пати помалку од најплатените фудбалери, Погба и Де Геа.

Фернандеш има договор до 2025 година, но Јунајтед му понуди нов договор. Меѓутоа, Португалецот не е задоволен од понудата и ги стопирал преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англиски фан стана хит: Се заглави во ротирачката врата на стадионот во Тирана (Видео)

Англиски фан се најде во необична ситуација кога се заглави во ротирачката врата на стадио…