Португалскиот фудбалер Бруно Фернандеш би можел да го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната.
Како што пренесуваат англиските медиуми португалската ѕвезда би можела да се пресели во Барселона во летниот предоен рок. Во последниот период Бруно Фернандеш не игра на своето препознатливо ниво, па веќе почнаа шпекулациите за неговата иднина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона наводно е спремна да се обиде да го доведе, посебно ако не успеат во намерата да го договорат Халанд. За разлика од Норвежанецот Фернандеш сигурно не би бил толку скап.
Во Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш пристигна во јануари 2020 година и веднаш стана клучен играч.
#Mercato 💰
— Diario SPORT (@sport) January 8, 2022
🚨 EL BARÇA YA TIENE PLAN B POR SI NO LLEGA HAALAND
👉 El club azulgrana estaría dispuesto a hacer un esfuerzo económico por lograr el traspaso de Bruno Fernandes si finalmente no llega Erling Haaland#EnDirecto ▶️ https://t.co/fpmcoCKU6c pic.twitter.com/kYQTFoomi3